- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Без разлика дали однапред, отстрана или одзади, уште на прв поглед е јасно: V-Class одлично го владее дизајнерскиот јазик на Mercedes-Benz. По желба, впечатливата надворешност може дополнително да се облагороди: на пример, со Night Package, [1] со AMG Line [1], со спојлерски додаток AMG [1] и со изобилство од привлечни тркала од лесен метал. [7]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Придобивки од исклучителната прегледност – без разлика дали на автопат, спореден пат или во градски сообраќај. Предните светла MULTIBEAM LED се приспособуваат според тековните услови во сообраќајот со помош на LED што се управувани засебно, така што делотворно го осветлуваат патот благодарение на паметните функции на светлата.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Овој пакет ви нуди активна поддршка при отворањето и затворањето на лизгачките врати и на задниот капак. На допир на копче, соодветната врата или задниот капак се отвора или се затвора електрично. Тоа го олеснува товарањето и растоварањето, исто како и влегувањето и излегувањето, дури и кога рацете ви се полни.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Тркалата од лесен метал AMG од 48,3 cm (19 инчи) со 5 четириделни краци со висок сјај, му даваат впечатлив спортски изглед на возилото. Тие убедуваат и со функционалноста: благодарејќи на нивниот аеродинамичен изглед, може да придонесат за поголема ефикасност.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Широкоекрански кокпит со MBUX и 2 дисплеи со висока резолуција, од по 12,3 инчи, мултимедијален дисплеј со екран на допир
Управувач со повеќе функции со кожа напа и команди на допир, со местење по агол и висина
Пакет за паркирање со задна камера
Средишна конзола со преграда за чување и држач за чаша
Засебни седишта во првите два задни редови (лево и десно)
Комфорни седиштa за возач и за преден патник
Полуавтоматски контролиран клима-уред, TEMPMATIC Кокпит + заден простор
Пакет за поврзување со смартфон
Приклучоци за струја 12 V за задните редови седишта, десно и лево
2 отстранливи држачи за чаша во задните потпирачи за раце
Амбиентално осветлување во 64 бои на кокпитот + задниот патнички простор
THERMOTRONIC автоматски клима-уред
Темносиви украсни елементи со изглед на маслиново дрво со отворени пори
Систем за безжично полнење мобилни уреди напред
Пакет за паркирање со камера во 360 степени
Обложување со кожа лугано
Местење длабочина на седечка површина за возач и патник
Слабинска поддршка, седиште на преден патник и возачко седиште
Навигација
Дигитален внатрешен ретровизор
Украсни елементи EXCLUSIVE со изглед на четкан алуминиум
Burmester® сараунд звучен систем
Обложување во кожа напа
Кокпит со изглед на кожа со украсна опшивка
Седишта за возачот и за патникот напред со електрично местење
Маса и осветлени украсни елементи на потпирачот за грб на седиштето
Украсни елементи AMG со изглед на карбонски влакна
Црна таванска облога
Спортски педали од четкан не’рѓосувачки челик со црни гумени додатоци
AMG патосници
Преден браник со црна украсна облога
Надворешни ретровизори бојадисани црно
Задни прозорци затемнети во црна боја
Кровни шини бојадисани црно
Облога на странични прагови во црна боја за V-Class AVANTGARDE и EXCLUSIVE
Внатрешност
Широко димензионираната внатрешност е пример за превезувач на луѓе, како со ергономијата, така и со изгледот и со чувството при допир. Можете внатрешноста да ја направите уште поексклузивна и поспортска, на пример со AMG Line [1] и со Пакет за внатрешен дизајн [1] или да се решите за линиите на опрема V-Class EXCLUSIVE [1] или V-Class AVANTGARDE. [1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Ергономски обликуваниот управувач со повеќе функции соединува иновативно лесно користење со привлечен изглед. Панелите на допир во краците на управувачот ви овозможуваат да ги контролирате најважните функции на возилото, како навигација и инфо-забава, без потреба да ги поместувате дланките од воланот.[1]
[1]Ракувањето со системите за информирање и со уредите за комуникација што се вградени во возилото е дозволено само доколку тоа го дозволуваат сообраќајните услови.
Леснотија на користење се среќава со одушевувачки дизајн. Со широкоекранскиот кокпит, дисплејот со инструментите и дисплејот за медија се спојуваат визуелно во единствена единица под заедничка стаклена површина. Благодарение на технологијата на екран на допир и паметното движење низ менито, веднаш ќе почнете да го цените лесното ракување.
Со MBUX (Mercedes-Benz User Experience) добивате интелигентен мултимедијален систем што се проширува. Разните интерфејси, екранот на допир со висока резолуција и дисплејот со инструментите нудат многубројни функции за комуникација и инфо-забава.
Имајте подобра прегледност дури и во сложени сообраќајни услови. MBUX навигацијата со унапредена реалност го спојува виртуелниот со вистинскиот свет и соединува живи слики со графичка навигација и информации за сообраќајот. Тоа ќе ви помогне да го најдете патот и одморни да пристигнете на вашето одредиште.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Го осветлува кокпитот во вашето возило според вашите желби. Амбиенталното осветлување со вкупно 64 бои ви нуди речиси неограничени можности да се совпадне со вашето расположение во моментот. Разните извори на светлина создаваат одушевувачки колорни шеми и го подобруваат пријатното чувство.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Незамисливо е дека назад би можело да биде поудобно од ова, затоа што засебното седиште, што може да се мести во различни правци, ги исполнува речиси сите барања за комфор. Аголот на потпирачот за грб на седиштето и на потпирачите за раце се мести, исто како и висината и аголот на луксузните потпирачи за глава. Засебното седиште е опремено со ремен со три точки и прстени за детско седиште ISOFIX. Седиштата исто така може да се свртат за 180 степени и да се наместат во положба за разговор лице в лице со патниците во првиот и во вториот ред седишта.
На двојната комфорна клупа за седење во првиот или во вториот ред во патничката кабина, две лица можат да уживаат во мошне удобно седење. Потпирачите за грб на седиштето може одделно да се наместат по желба. Седиштата располагаат со потпирачи за раце и потпирачи за глава со висинско местење, како и со вградени безбедносни ремени со три точки и простор за чување под седиштето. Двете седишта поседуваат прстени ISOFIX за прицврстување детско седиште.
Тројната клупа за седење како удобен лежај е доволно голема за пријатна починка во возилото. Едноделните потпирачи за грб на седиштето може во само неколку чекори да се наместат од исправена во целосно легната положба. Заедно со посебниот продолжеток на лежајот од црно платно, така се создава удобна, рамна површина. Таа е широка приближно 1,35 m и е долга приближно 2,00 m.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
На тројната комфорна клупа за седење во првиот или во вториот ред во патничката кабина, три лица можат да уживаат во мошне удобно седење. Аголот на потпирачот за грб на седиштето и висината на потпирачот за глава може да се наместат според лична желба. На надворешната страна на клупата за седење се наоѓаат потпирачи за раце. Патниците можат да се врзат со безбедносните ремени со три точки што се вградени на сите седишта.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Релаксирајте се, закрепнете, чувствувајте се добро: луксузното седиште ги разгалува патниците назад со исклучителна удобност. Благодарение на масажата што се мести по желба, климатизираното седиште и можноста за навалување, како и амбиенталното светло и обезбедените прегради за чување, може да се исполнат буквално сите желби за удобност. Луксузното седиште е обложено во кожа напа и е достапно во две бои.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Опрема
Со подготовката за Далечински услуги плус[1], добивате можност да постигнете уште подобро и пофлексибилно користење на вашето возило. Бидејќи можете да користите широк обем дигитални опции што прават вашиот секојдневен живот со возилото да биде поудобен, поедноставен за планирање и со тоа поефикасен.[2]
[1]Обележаните компоненти се услуги на Mercedes me. Користењето на овие услуги бара личен Mercedes me ID и договор според Условите на користење за услугите за поврзување на Mercedes me. Покрај тоа, соодветното возило мора да биде поврзано со корисничка сметка. По истекувањето на првичниот рок, услугите може да се обноват со надоместок доколку сè уште се достапни за соодветното возило. Првичното активирање на дигиталните услуги е можно во текот на една година од првото регистрирање или од првото вклучување од корисникот, во зависност од тоа што ќе настапи прво.
[2]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Не сакате да губите време во застој – и сакате да појдете по најдобрата рута за да пристигнете колку може побрзо. Подготовката за сообраќајни информации во живо[1] ви нуди технички услови за прием на најнова и прецизна сообраќајна информација, за оптимално динамично водење по рутата и прецизно пресметано време на пристигнување.[2]
[1]Обележаните компоненти се услуги на Mercedes me. Користењето на овие услуги бара личен Mercedes me ID и договор според Условите на користење за услугите за поврзување на Mercedes me. Покрај тоа, соодветното возило мора да биде поврзано со корисничка сметка. По истекувањето на првичниот рок, услугите може да се обноват со надоместок доколку сè уште се достапни за соодветното возило. Првичното активирање на дигиталните услуги е можно во текот на една година од првото регистрирање или од првото вклучување од корисникот, во зависност од тоа што ќе настапи прво.
[2]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Со системот за безжично полнење за мобилни уреди, додека возите може едноставно да го полните вашиот паметен телефон што се полни по пат на индукција, во преградата за чување во средишната конзола: без кабли, приклучоци или држачи – без оглед на моделот и на марката. Додека возите, вашиот паметен телефон повторно заживува.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Со MBUX (Mercedes-Benz User Experience), добивате интелигентен мултимедијален систем што се проширува. Разните интерфејси, екранот на допир со висока резолуција и дисплејот со инструменти нудат многубројни функции за комуникација и инфо-забава.
Заштедете време со помош на навигацијата на Mercedes-Benz со приспособлив внес преку контрола на допир или гласовни команди. Овој интелигентен систем ве води до вашето одредиште сигурно користејќи и локални и свежи онлајн информации.[1][2]
[1]Ве молиме имајте предвид дека обемот може да се разликува во зависност од серијата на моделот, годината на производство, опремата и дали сметката на корисникот е приватна или бизнис-сметка. Функцијата за навигација зависи од достапноста и од квалитетот на материјалот на мапите во регионот за кој станува збор.
[2]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Доживејте ја паметната поддршка од современи системи за асистенција [1] што се надополнуваат. Комбинацијата од пет системи ви помага да ги приспособите брзината, управувањето и одржувањето растојание според ситуацијата. Тоа може да ги заштити патниците и другите корисници на патот – и можете порелаксирано и поудобно да пристигнете на вашето одредиште.[2]
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
[2]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Активната асистенција за одржување во лента[1]го надгледува просторот пред вашето возило и може да ве спречи ненамерно да ја напуштите својата лента. Системот може да ве врати во вашата лента преку зафат во управувањето за враќање во лента и дополнително може да ве предупреди во вид вибрации на воланот.
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
Поедноставно следете ги важечките брзински ограничувања. Асистентот [1] може да ја прочита највисоката дозволена брзина од сообраќајните знаци, преку камера и од податоците од навигацијата, и нив да ги пренесе до инструментите. Доколку го надминете брзинското ограничување, тоа може да ве предупреди со видливи и чујни знаци.[2]
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
[2]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Активната асистенција за сопирање[1]може да ви помогне да избегнете незгода со други корисници на патот во разни ситуации или да ги смали последиците од незгода. Тоа вклучува, меѓу другите нешта, корисници на патот што возат пред вас, што се запрени, преминуваат или свртуваат, како и сообраќај отспротива во текот на престигнувањето.
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
Асистенцијата за мртов агол[1] со предупредување за попречен сообраќај назад може да вклучи визуелни и звучни предупредувања за да помогне во спречување незгода при престројување или при возење наназад. Доколку асистенцијата за мртов агол препознае возило во мртвиот агол, таа прикажува предупредување со црвен триаголник во соодветниот надворешен ретровизор.
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
Асистенцијата за сообраќајни знаци[1]може да му помогне на возачот со постојано прикажување на сите препознаени брзински ограничувања, знаци за „забранет пристап“ и ограничувања за „забрането престигнување“, како и за нивниот престанок, во дисплејот со инструменти и на мултимедијалниот дисплеј. Тоа помага особено при патување кога често се менуваат брзинските ограничувања, на пример при поправки на патот.[2]
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
[2]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Активниот асистент за растојание DISTRONIC[1], кој е заснован на радар, автоматски го одржува поставеното растојание од возилата напред, растоварувајќи ве од стрес на автопат или во тргни-запри сообраќај.[2]
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
[2]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Системот ATTENTION ASSIST може да помогне во спречување мала дремка и на тој начин ви нуди зголемена безбедност, особено при возење ноќе или на долг пат. Системот ви нуди визуелно и звучно предупредување кога ќе препознае вообичаени знаци за сонливост или недостиг на внимание и препорачува да се направи починка. [1]
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
THERMOTRONIC автоматскиот клима-уред ја подобрува удобната клима во вашето возило и прави да се чувствувате поодморено, особено при возење при високи надворешни температури. Тој автоматски ги контролира температурата, протокот на воздух и распределувањето на воздухот во две зони на климатизација, за возачот и предниот сопатник да се чувствуваат еднакво удобно во своите различни климатски зони.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Полуавтоматскиот систем за климатизација на воздух назад TEMPMATIC ги угодува вашите патници со пријатна климатска удобност. Температурата, обемот на воздух и распределбата на воздух се контролираат целосно автоматски во режимот за греење и ладење. Отворите за воздух се поставени од левата и од десната страна во таванот.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Го олеснува паркирањето и маневрирањето. Задната камера овозможува просторот веднаш зад возилото да биде видлив и може да ви помогне полесно да ги препознаете пречките. Динамичките линии за водење и звучните знаци на Активниот асистент за паркирање исто така ви помагаат посигурно да маневрирате во и од места за паркирање.
Пакетот за паркирање со камера во 360° и Активниот асистент за паркирање ви олеснуваат да најдете место за паркирање, како и да се паркирате и да излезете. 3D сеопфатниот поглед овозможува целиот простор околу возилото да биде видлив, исто и од птичја перспектива и под линијата на прозорците.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Задниот прозорец што се отвора посебно може да се отвори и да се затвори рачно, независно од задниот капак. Тоа значително го олеснува пристапот до товарниот простор, особено кога паркингот е тесен.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Пакетот ретровизори со внатрешен ретровизор што се затемнува автоматски и со надворешни ретровизори што се собираат автоматски, како и амбиенталното осветлување, може да ја зголемат удобноста при возење и при влегување и излегување од автомобилот.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Во случај на силно сопирање, приспособливите стоп-светла [1] можат да го предупредат сообраќајот назад и на тој начин да спречат судир одзади. Тие се вклучуваат кога ESP® ќе препознае итно запирање – во зависност од притискањето врз сопирачката и брзината на притискање.
[1] Нашите системи за возачка асистенција и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме прочитајте ја информацијата во Прирачникот за сопственици и за ограничувањата за системот што се опишани таму.
GUARD 360° заштита на возило[1]соединува разновидни функции на заштита од кражба. Алармниот систем против кражба, заедно со онеспособувањето на клуч во итен случај[1], ќе ви овозможат да реагирате брзо. Функцијата за пријава на кражба ве известува преку апликација кога сте во движење. А, услугата за помош при украдено возило ја зголемува веројатноста вашиот имот да се врати доколку возилото ви биде украдено.[2]
[1]Обележаните компоненти се услуги на Mercedes me. Користењето на овие услуги бара личен Mercedes me ID и договор според Условите на користење за услугите за поврзување на Mercedes me. Покрај тоа, соодветното возило мора да биде поврзано со корисничка сметка. По истекувањето на првичниот рок, услугите може да се обноват со надоместок доколку сè уште се достапни за соодветното возило. Првичното активирање на дигиталните услуги е можно во текот на една година од првото регистрирање или од првото вклучување од корисникот, во зависност од тоа што ќе настапи прво.
[2]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Пакетот за заштита од кражба може да ви помогне да го осигурите возилото со активирање видлив и звучен аларм кога ќе препознае опасност од кражба. Тој се состои од алармен систем за заштита од кражба (ATA), заштита на внатрешноста и заштита од одвлекување.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Воздушните завеси за возачот, за предниот патник и за задните патници нудат повисок степен на заштита од повреда на главата и лицето при посилен страничен судир, особено за патниците на страничните задни седишта.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Во случај на страничен судир, страничните перници што се наоѓаат од надворешната страна на потпирачот за грб на седиштето, можат да ги заштитат градите и делот на карлицата, покривајќи го просторот меѓу вратата и возачот или предниот совозач. Тие ги надополнуваат челните воздушни перници за да понудат висок степен на заштита и на тој начин да ги намалат и опасноста и тежината на повредите.
Било да е на автопат или по нерамен пат, со воздушната суспензија AIRMATIC можете да уживате во особено удобно возење и унапредени теренски способности, па дури и во поспортско возење при повисока брзина.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Суспензијата AGILITY CONTROL со селективен систем за придушување на нерамнините, ја приспособува амортизацијата според условите на патот и условите на возење. Таа постигнува добра рамнотежа меѓу комфорно возење и агилност, со менување на својствата на држење правец, придушување и стабилизирање, за тие да се приспособат на квалитетот на патот и на условите на возење.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Спортската суспензија е проектирана за да постигне висок степен на возна динамика и ќе одушеви со своето круто нагодување, со агилноста што се чувствува и со динамиката во свијоци. Нејзините тркачки својства, што ја прават мошне погодна за долги патувања, значително се разликуваат од тие на комфорната суспензија, поради користењето амортизери што работат според фреквенцијата.[1]
[1]Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Комфорната суспензија нуди исклучителна удобност во речиси секаква ситуација во возењето, исполнувајќи највисоки очекувања. Таа одушевува со својата ниска бучава од патот и малку вибрации од гумите и со леснотија ги придушува потресите од нерамнините по површината на патот.