- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Уште на прв поглед е јасно дека EQE отелотворува нова ера. Главната препознатлива одлика е впечатливиот дизајн со единствен лак – линија на рамењата како кај купе, што со голем замав се протега од напред кон назад и ги нагласува одликите на EQ, како што е тридимензионалната шара со ѕвездата на Mercedes-Benz напред.
Вашето осигурување за одушевувачка појава: маската на ладилникот Black Panel на вашето возило се одликува со ситно нацртани ѕвезди на Mercedes.
Со силниот израз, линијата AMG внесува динамичен дух во надворешноста на вашата EQE. Таа ги пренесува спортските гени на AMG во електричната класа – на пример, со предниот браник што е својствен за AMG и со AMG тркалата од лесен метал.
Со Night пакет вашата спортска надворешност добива уште посилен израз. Многубројни детали се изработени во црна боја. Во зависност од бојата на каросеријата, тоа создава контрасти или глатки премини.
Отворен или затворен, панорамскиот лизгачки сончев покрив ви нуди прекрасно чувство на слобода и пријатно светол амбиент во внатрешноста.
Интелигентно предвидување: опционалната технологија DIGITAL LIGHT за предните светла, со функција за проекција, дејствува со предвидување и се приспособува според курсот на патот и сообраќајните услови.
Внатрешност
Влезете и чувствувајте се добро: целосно електричното возење создава услови за внатрешност што е попросторна и ги исполнува највисоките барања. Покрај материјалите со висок квалитет и исклучителната завршна изработка, нови главни обележја поставуваат и ставките, како што е сараунд звучниот систем Burmester®.
Со „Organic Light Emitting Diode“ (органска диода што создава светлина) – секоја точка претставува посебен извор на светлина. Големината на точките на тој начин овозможува значително повисоки резолуција, густина на точки и квалитет на слика. Користењето на екранот на допир е природно, исто како користење паметен телефон.
Повеќефункцискиот спортски управувач со напа кожа има зарамнет долен дел и богато нагласен дел за држење – како што тоа го наложува стилот на спортско возење. Со полињата за контрола преку допир се ракува со најважните функции на возилото, без да ги тргате дланките од управувачот.
Комфор за сите сетила: овој пакет соединува изобилство од премиум опрема со иновативна интелигенција. Вашиот Mercedes може да ве освежи и да ви угоди на посебен начин – со широк обем разновидни програми за комфор и привлечни опции, какви што се мултиконтурните седишта.
Совршена поддршка: осум воздушни комори и вибрирачки елементи осигуруваат највисока удобност. Десет програми за масажа го претвораат секое возење во велнес-програма. На долги патувања, удобното седење од прва класа станува незаменливо.
Благодарение на обемните мерки за изолација е постигната тивка внатрешност, со помош на посебна изолација со акустична пена и делови за подвозјето со особено малку вибрации.
Со делотворност до 99,65 %, новиот HEPA (High-Efficiency Particulate Air) филтер за ситна прашина може воздухот што се внесува да го пречисти од најситните честички, како полен и ситни честички прашина, како и да неутрализира непријатни миризби.
Технологија
Град, природа, електрично – со целосно електричен досег до 660 километри (според WLTP)[1] и со моќно повлекување уште од поаѓање – на куси и долги патувања. Високонапонските батерии дозволуваат полнење со моќност до 170 kW.
Доживејте го MBUX во EQE од Mercedes-Benz. Мултимедискиот систем со вештачка интелигенција. Одушевувачки интуитивно.
Вистинскиот и дигиталниот свет стануваат едно. Проекцискиот дисплеј со унапредена реалност во еднаква мера ги подобрува безбедноста и удобноста.
*Забелешка: Понудениот производ може да се разликува. Ве молиме, за повеќе информации контактирајте го вашиот локален дилер.
MBUX асистентот за внатрешност што е достапен како опција, ги толкува вашите движења и реагира будно. На пример, светлото за читање може да се вклучи или да се исклучи без потреба да се допира. Панорамскиот покрив исто така се отвора и се затвора без потреба да притискате копче.
Го одредува правецот: управуваната задна оска на целосно електричниот EQE, обезбедува исклучителна стабилност и агилна динамика во возењето. Паркирате, скршнувате и возите во совршена рамнотежа во два чекора до 10°.
Активниот асистент за растојание DISTRONIC не ги контролира само брзината и растојанието. Тој исто така ја приспособува брзината на возилото според највисоката дозволена брзина и одликите на патот, со способност за предвидување. Интелигентните функции ве растоваруваат и може да имаат позитивно влијание врз досегот.
MERCEDES-AMG
Лимузината Mercedes-AMG EQE претставува влез во електричната бизнис-класа на Mercedes-AMG. Поаѓајќи од самата динамична основа на Mercedes-EQ, создаден е возбудлив спортски модел со влијание на фабриката AMG. Тоа претставува речиси природна комбинација од триделна лимузина и моќно спортско купе. Сега откријте ги главните обележја на спортскиот надворешен дизајн на Mercedes-AMG EQE 43 4MATIC и на Mercedes-AMG EQE 53 4MATIC+.
Благодарение на маската на ладилникот со црн панел, што е својствена за AMG, со вертикални пречки и натписи „AMG“, лимузината EQE веднаш се препознава како AMG.
Елеганција во детали: со оптимизирана аеродинамичност, машински полирани тркала од лесен метал од 21 инч во мат црна боја.
Аеродинамична завршна изработка: издадениот спојлерски додаток AMG и натписот „AMG“ во хром.
Впечатлив, моќен заден дел: задниот браник што е својствен за AMG со додаток со изглед на дифузор и со украсен дел со три хромирани ламели.
Кај овој управувач, впечатливиот дизајн на карбон-фибер се соединува со рапавиот микрофибер MICROCUT – обележје што се гледа и се чувствува на допир. Зарамнетата форма што е својствена за AMG потекнува од мотоспортот и го нагласува спортскиот дух на кокпитот. Ергономски поставените панели за контрола преку допир нудат интуитивна удобност при управувањето.
Ја нагласува естетиката на внатрешноста што е насочена кон перформанси: системот од спортски педали AMG од благороден челик со гумени нитни е суштински детаљ во внатрешноста со висок квалитет на новите модели Mercedes-AMG EQE. Гумените нитни обезбедуваат дополнително држење што е неопходно за спортско возење, како и за предизвикувачки ситуации во возењето.
Револуционерна естетика каде и да се погледне: екраните со висока резолуција во должина на целата ширина на возилото, под заедничка стаклена плоча, одушевуваат со својот дизајн и со повратниот одговор при допир, во стилот на прикажување што е својствен за AMG.
Копчињата на управувачот AMG овозможуваат брза и сигурна контрола на одредени функции за динамично возење. За фокусирано и концентрирано возачко искуство, што е насочено кон перформанси – и за автентична атмосфера на тркачки автомобил во кокпитот на вашиот AMG.
Црни спортски седишта AMG со рачно обработена кожа ARTICO и микрофибер MICROCUT, со посебна графика на седиштата и згора на тоа со црвени безбедносни ремени, се одлика што го одредува стилот. Со доплата се достапни и облоги AMG со напа кожа во две различни колорни шеми.
Во опкружувањето на првиот ред седишта исто така се забележува ексклузивен амбиент полн со возбудливи контрасти, со микрофибер MICROCUT по страниците, средишните панели во вратите, на таблата со инструменти и на средишната конзола, што во дел се облагородени со црвена опшивка.