- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Новиот EQA соединува целина со складни пропорции, куси испусти и моќни рамења на возилото, со странични линии со изглед на купе. Чистите контури со нагласени површини, со минималистички линии и прецизни зглобови, вешто ја пренесуваат суштината на спортската модерност. Дизајнот со детали со многу љубов ги нагласува високиот квалитет и ексклузивноста. Моќната појава се заокружува со современ дизајн на тркалата, што придонесува преоѓањето на возење што целосно е на струја, да биде малку полесно.
Новата маска на ладилникот сигурно ќе одушеви благодарение на црниот панел со шара со црни ѕвезди со висок сјај кај Progressive Line [1] или црниот панел со шара со хромирани ѕвезди со висок сјај кај Electric Art [1] и AMG Line [1]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Новиот дизајн на тркалата заедно со мускулестите рамења, што се насочени нанадвор му даваат самоуверена појава на EQА.
Зрачи од секој агол: импозантниот заден дел одушевува со нови LED задни светла, што неосетно преоѓаат во LED светлечката лента по целата ширина, со внатрешност со висок квалитет.
Задните светла на EQA стандардно користат LED-технологија и неосетно преоѓаат во LED светлечката лента по целата ширина, со внатрешност со нов дизајн. Спојлерите што се интегрирани странично на задните светла исто така помагаат да се подобри аеродинамичноста.
Панорамскиот лизгачки сончев покрив [1] со висок квалитет во новиот EQA пропушта изобилство светлина во внатрешноста благодарение на големата стаклена површина и на возилото му дава светла и пријатна атмосфера.
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Внатрешност
Првиот впечаток за просторот навистина одушевува: внатрешниот дизајн на EQA сигурно ќе импресионира со погодениот спој од просторна внатрешност, опрема со висока технологија и спортски карактер. Тоа само покажува колку може да биде привлечно преоѓањето на целосно електрично возење. Тука не недостига ниту можноста да се стави сопствен печат: направете новиот EQA да биде ваш сопствен EQA, со ставки како амбиентално осветлување и разновидни украсни елементи [5] што може да се приспособат според вашиот вкус. Комфорните седишта [1] и новиот управувач ќе направат вашето патување да биде особено удобно. [1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Иднината е во вашите дланки – новиот управувач ве поврзува со возилото и станува команден центар. Со користење на контролните елементи, може да се ракува со разновидни функции за навигација, телефонија или за забава. Можете исто така да ја наместите брзината на возење или контролата на растојанието, за удобно возење при метеж. [1]
[1]Содржината во дисплејот може да отстапува од верзијата од сериско производство.
Наоѓање на внатрешниот дух: кокпитот со унапредена средишна конзола се одликува со прогресивен дизајнерски израз, што е насочен кон стил. Изобилството од простор за оставање и интуитивниот распоред на командите ви овозможуваат лесен пристап до сите функции, без да се одвлекува вниманието при возењето. [1]
[1]Содржината во дисплејот може да отстапува од верзијата од сериско производство.
Со функцијата за меморирање, [1] можете да сочувате и лесно да изберете различни положби на седиштето. Со електриката е мошне лесно седиштето да се врати во вистинската положба.
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Ја прикажува внатрешноста соодветно на вашите желби или на расположението во моментот. Амбиенталното светло со 64 бои создава возбудливи колорни шеми, што може да се менуваат динамично или може да се избере неколку подрачја да бидат осветлени во различни бои.
Влезете во новите звучни светови – Dolby® Atmos® во комбинација со сараунд звучниот систем Burmester® [1] ги буди вашите сетила на највисоко рамниште и нуди неспоредливо звучно искуство, што на музиката ѝ дава повеќе простор, јасност и длабочина.
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Со љубов за деталите: приспособете го изгледот на вашата EQA по сопствен вкус. Progressive Line е достапна со три различни бои на опремата: црна, макијато беж и жалфија сива. Electric Art [1] и AMG Line [1] сигурно ќе привлекуваат внимание со црниот панел и со шемата со хромирани сјајни ѕвезди.
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Опрема
GUARD 360° заштита на возило [1] нуди надгледување на целиот простор околу возилото, со функции како алармен систем против кражба. При движење во внатрешноста се вклучуваат видливи и звучни предупредувања. Функцијата за откривање судир на Mercedes me ве информира преку апликацијата.
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Вклучете го системот еднаш и трајно користете го досегот на долгите светла. Секогаш кога асистентот за приспособливо долго светло [1] нема да открие возило напред или возило отспротива, тој се префрлува на долги светла. Тоа значи дека можете појасно да го гледате патот или каква било опасност. Понатаму, нема потреба постојано да префрлувате меѓу долго светло и соборено светло. [2]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Активниот асистент за управување [1] ви нуди осетно зголемена удобност зад управувачот: системот може да ви помогне да го одржувате возилото во средината на лентата, со нежни зафати во управувањето. Тоа овозможува висок степен на растоварување од напнатост, особено при еднолични патувања, со долги прави делници или благи свијоци. [2]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Совршени предуслови за уживање во спортско возење и возачко искуство со врвна леснотија: проекцискиот дисплеј [1] го претвора вашиот ветробран во возбудлив дигитален кокпит. Тоа значи дека секогаш ги имате главните информации веднаш пред себе. Вашето целосно внимание останува на патот и на сообраќајот пред вас. [2]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Содржината во дисплејот може да отстапува од верзијата од сериско производство.
Активниот асистент за растојание DISTRONIC [1] ве растоварува од голем дел од работата и автоматски го одржува растојанието од возилата напред. Местењето на брзината што се раководи според патот исто така значително го зголемува обемот на примена. Кога возилото се приближува до свијок, на пример, системот ја намалува брзината на возилото, како проактивна мерка, за потоа автоматски да забрза до брзината што ја имате наместено веднаш штом излезете од свијокот, обезбедувајќи доволно растојание од возачот напред. [2]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Асистентот за брзинско ограничување ви го олеснува следењето на правилата и избегнувањето непотребни казни за брзо возење. Системот покажува колку е дозволено: тој ја користи камерата за да го утврди тековното брзинско ограничување и го прикажува во дисплејот за возачот. Тој исто така ги чита дополнителните знаци за ограничување во одредени временски услови, како на пример, возење по дожд. [1]
[1]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Овој асистент може да помогне да се избегне судир со возила што возат напред или со возила што мируваат, со сообраќај отспротива кога скршнувате и со пешаци во движење, како и со велосипедисти. Покрај предупредување за растојание и за судир, системот главно нуди помош при сопирање што е соодветна за ситуацијата, вклучувајќи и итно запирање по потреба. [1]
[1]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Активниот асистент за одржување во лента е внимателен набљудувач: доколку ненамерно ја напуштите вашата лента или се приближите опасно до другите корисници на патот, системот може да ве врати во вашата лента со помош на зафат во управувањето. Доколку сепак ја напуштите лентата, тогаш ќе следува дополнително предупредување во форма на тресење на управувачот. [1]
[1]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Овој систем [1] темелно го проверува просторот околу вас – особено кога ќе вклучите трепкачи. Системот е способен да ве предупреди преку видливи и звучни знаци, при опасност од страничен судир со другите корисници на патот што ви се во т.н. „мртов агол“. По патувањето, системот останува буден и ве предупредува пред да отворите врата во погрешно време. [2]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Проширете ги вашите можности за превоз: Со оваа практична ставка од опремата можете да влечете приколка или камп-приколка, или да поставите држач за велосипеди. Куката за приколка [1] се подготвува за користење за миг – таа може да се преклопи зад задниот браник кога повеќе нема да ви биде потребна.
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Возење точно како што сакате. Со DYNAMIC SELECT можете да ја вклучите програмата за штедливо возење „ECO“ преку притискање копче за на тој начин да го продолжите вашиот досег. Рачките за префрлување зад управувачот исто така може да се користат за да се приспособи рекуперацијата на енергијата при сопирање. Спортскиот начин, од друга страна, овозможува извонредната моќ на електромоторите да ја искористите за уште потемпераментни перформанси.
Можете да продолжите со возење дури и кога ќе изгубите притисок во еден или повеќе пневматици. Благодарение на зајакнатите страници на вашите пневматици, можете безбедно да ги напуштите опасните подрачја, како тунели или автопат, и да возите до најблиската сервисна работилница. Во зависност од натовареноста, може да се вози до оддалеченост од 80 километри со највисока брзина од 80 km/h. [1]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Целосно приспособливиот погон на сите тркала 4MATIC [1] обезбедува врвни возни својства дури и во сложени услови на патот. Системот ги подобрува тракцијата на возилото и стабилноста при возењето, за зголемена безбедност.
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
Проактивниот кориснички интерфејс zero-layer учи од вашите избори: без потреба да влегувате во подменија, вистинската информација ја добивате во вистинско време. На тој начин е уште полесно да се ракува со мултимедијалниот систем MBUX. [1]
[1]Содржината во дисплејот може да отстапува од верзијата од сериско производство.
За да ви помогне да го најдете вистинскиот пат во сложени сообраќајни услови, MBUX унапредена реалност за навигација [1] го соединува виртуелниот свет со вистинскиот. Технологијата ги соединува графичките упатства за навигација и сообраќајните информации со жива слика. До вашето одредиште ќе дојдете брзо, безбедно и спокојно. [2]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Содржината во дисплејот може да отстапува од верзијата од сериско производство.
Благодарение на MBUX гласовниот асистент [1], новиот EQA е партнер што ве слуша додека патувате. За да добиете целосно внимание од него, сè што е потребно е: „Еј Мерцедес“. Тоа ви овозможува, на пример, да ги контролирате амбиенталното осветлување или наместената температура во внатрешноста. [2][3]
[1]Содржината во дисплејот може да отстапува од верзијата од сериско производство.
[2]Содржината во дисплејот може да отстапува од верзијата од сериско производство.
[3]За користењето на услугата „MBUX Voice Assistant“ на Mercedes me connect е потребен личен Mercedes me ID и договор за Условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Возилото исто така мора да биде поврзано со соодветна корисничка сметка. По истекот на едногодишниот почетен период, услугите може да се обноват за одреден износ, под услов тие во моментот сè уште да се во понуда за соодветното возило. Првичното активирање на услугите е можно во рок од 1 година по првичното регистрирање или вклучување од корисникот, во зависност што ќе биде прво.
Уживајте во удобно ракување што е без допир: овој иновативен систем ги открива и ги толкува движењата на вашата дланка и рака. Тоа значи дека за неколку секунди можете да вклучите одредени функции. Системот исто така е способен да разликува меѓу возач и преден патник – тоа значи дека го добивате точно тоа мени што го барате. [1][2]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Содржината во дисплејот може да отстапува од верзијата од сериско производство.
Место немир, паркирањето на тесен простор станува течна и лесна постапка. Активниот асистент при паркирање со PARKTRONIC [1] ги наоѓа местата за паркирање за вас и ви помага при влегување и излегување од место за паркирање. Тој ви помага со управување, како и со забрзување и сопирање. [2]
[1]Опрема што може да се избере по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Паркирајте и маневрирајте самоуверено и лесно: камерата со 360 степени ви нуди видливост на сите страни и глетка од птичја перспектива. Тоа ви овозможува самоуверено да совладувате паркирање во тесен, невообичаен и сложен простор. Активниот асистент при паркирање со PARKTRONIC ви помага при барањето место за паркирање, како и при влегување и излегување од попречно место за паркирање. [1][2]