- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Надворешноста на електричната G-Class беспрекорно соединува дизајн на икона со современи акценти. Нејзината класична силуета, сведоштво за теренското наследство, сега се одликува со современи елементи, какви што се маската на ладилникот Black Panel со анимирана LED-лента. Изборот меѓу задна дизајнерска прекривка, дизајнерска кутија или резервно тркало, заедно со аеро-тркала [1], сведочат за нејзината еволуција. Тоа е наследството на G-Class, насликано одново за електричната ера.
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
. Изработено со металик боја
. Маска на ладилник во боја на возилото
. Куќишта на надворешни ретровизори во боја на возилото
. Заштита на подвозје во графит-црна, нанесено во форма на прав, со средиштен дел од карбон
. Затемнети стакла со топлинска заштита назад
. Осветлување наоколу со проекција на логото на марката
. 45,7 cm (18 инчи) тркала од лесен метал со 5 двојни краци
. ELECTRIC DYNAMIC SELECT
. G-TURN
. G-STEERING
AMG каросериски спојлери со додатоци во предниот и во задниот браник од благороден челик
. Маска на ладилник Black Panel
. Странични нагазници
. Надворешни заштитни лајсни со украсни додатоци со изглед на четкан алуминиум
. Затемнети светилки
. 50,8 cm (20 инчи) тркала AMG од лесен метал со 10 краци
. GUARD 360° заштита на возило плус
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Темни дизајнерски елементи што се забележливи, ја нагласуваат вашата G-Class однадвор – какви што се затемнетите светлечки единици или црните аеро-тркала. Во зависност од избраната боја за каросеријата, надворешноста ја облагородуваат детали какви што се куќиштата на надворешните ретровизори во опсидијан црна или ноќно црна магно. Опционалните црни акценти MANUFAKTUR ја надополнуваат дотераната појава.[1]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Други ексклузивни елементи во црно со висок сјај: ѕвездите на Mercedes напред и назад, типографијата назад и беџот EQ на крилата, совршено го надополнуваат Night пакетот. Совршено за индивидуалисти што ценат дизајнерски детали од висока класа.[1]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Јасен израз во црно, нагласен со суптилниот сјај на LED, скроено посебно за робусната елеганција на G-Class.
Тркалата со оптимизирана аеродинамичност ги подобруваат ефикасноста и перформансите додавајќи фина нишка во дизајнот на возилото.
Нов, елегантен дизајн што ја нагласува естетиката на задниот дел од возилото, воедно обезбедувајќи оптимална функционалност.
Заштитните надворешни ленти придонесуваат за уникатниот дизајн на G-Class [1].
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Внатрешност
Авантура што се среќава со луксуз во внатрешноста на G-Class, каде што робусната теренска ДНК и современата технологија се соединуваат за неспоредливо доживување. Тука секој детаљ, од MBUX до OFFROAD COCKPIT, е дизајниран да ги надмине очекувањата, обезбедувајќи дека G-Class не само што ќе го задржи својот статус како еден од најдобрите теренци на светот, туку и како симбол за врвна префинетост и способност.
. Повеќефункциски управувач со напа кожа
. Седишта обложени со црна кожа, опционално ореово кафена / црна или макијато беж / црна
. Рачка за држење за предниот патник на таблата со инструменти
. Украсен елемент од природно ореово дрво со отворени пори
. Амбиентално осветлување
. Мултимедијален систем MBUX
. Пакет за индивидуалност
. Облоги на седиштата од црна напа кожа, опционално макијато беж / црна или тартуф кафена / црна
. Горен дел од табла со инструменти од кожа
. Burmester® 3D сараунд звучен систем
. Лизгачки сончев покрив
. Амбиентално осветлување за отворите за воздух
. Таванска облога од црн микрофибер MICROCUT
. Внатрешноста од задната врата е изведена со рачно обработена кожа во соодветната боја на опремата
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
. Седишта обложени со црна напа кожа, опционално макијато беж / магма сива или тартуф кафена / црна со облоги на седишта изведени со дизајн на дијамант
. Табла со инструменти со напа кожа, со рачка за држење на таблата со инструменти со напа кожа
. Пакет активни повеќеконтурни седишта плус
. Burmester® 3D сараунд звучен систем
. Лизгачки сончев покрив
. Амбиентално осветлување за отворите за воздух
. Таванска облога од црн микрофибер MICROCUT
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Новиот повеќефункциски управувач со напа кожа, со својот луксузен и ергономски дизајн нуди копчиња на допир со повеќе функции и греење како опција. Рачките за менување обезбедуваат возење со брза реакција и ангажираност.
G-Class ги облагородува патувањата по терен со својот OFFROAD COCKPIT, кој располага со уникатен дисплеј и контролна единица. Ова поставување овозможува возачот да ги надгледува и да управува со блокадите на диференцијалите и со поставките на LOW RANGE за да обезбеди беспрекорно и авантуристичко искуство на терен.
G-ROAR[1] акустично го нагласува посебниот карактер на вашата целосно електрична G-Class – и внатре и надвор. Покрај интерактивните звуци при возење, G-ROAR ги придружува и другите процеси, како полнењето.
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Најновата генерација на MBUX го облагородува напредниот систем за инфо-забава, користејќи моќен процесор за побрзи перформанси, дисплеј со висока резолуција со широк формат, интуитивен кориснички интерфејс, гласовен асистент што води разговор и богата понуда од услуги за навигација и конективност.
Виртуелната глетка го прикажува просторот непосредно пред или под вашето возило додека возите по терен. Тоа ви овозможува самоуверено да маневрирате по терен и безбедно да ги одминувате пречките. Преку пресметување од сликите од камерите, хаубата изгледа како да е проѕирна[1] на медискиот дисплеј. За таа цел, визуализација на патот напред помага да се избере најдобрата патека за следење.
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Опрема
Векторската распределба на вртежниот момент го контролира вртежниот момент посебно за секое тркало. Вашата целосно електрична G-Class е речиси незапирлива кога е на терен: Интелигентниот систем секогаш го насочува вртежниот момент кон тркалата што имаат тракција и обезбедува најдобар можен погон. Со eDrive, четири посебни електрични мотори за тркалата се поставени близу тркалата за да обезбедат прецизна векторска распределба на вртежниот момент. На пат ќе доживеете исклучително агилна и стабилна управливост.
За тоа време, задната робусна крута оска, прицврстена за носечката рамка со две горни и две долни надолжни водилки, обезбедува неспоредлива тракција по предизвикувачки терен. Во комбинација со прецизното поставување на предните тркала, тоа гарантира оптимална контрола на G-Class.
ELECTRIC DYNAMIC SELECT го менува однесувањето при возење со едно притискање со прст. 5 програми за возење ги менуваат, на пример, карактеристиките на погонот, суспензијата и управувањето. Со посебните програми за теренско возење „Trail“ и „Rock“, можете да совладате тежок терен. Преку рачките за менување степени на управувачот можете исто така да ја наместите рекуперацијата на енергија.
Со иновативниот дизајн на G-Class, задната оска користи суспензија Де Дион. Оваа конструкција се одликува со посебни полуоски, што дозволува задните електрични мотори да бидат прицврстени директно на шасијата. Тоа гарантира дека независно од движењето на суспензијата, тркалата ги задржуваат нагибот и трагата, заради подобрување на стабилноста и управливоста.
Во електричната G-Class се користи заштита на каросеријата оздола што е изработена од интелигентна комбинација од материјали, вклучувајќи карбон. Тоа ја зголемува крутоста во споредба со другите решенија што се изработени од челик или алуминиум. Тоа исто така обезбедува долготрајна заштита од корозија и штеди тежина. Плочата под каросеријата е дебела 26 милиметри, тежи околу 58 килограми и е прицврстена на носечката рамка со повеќе од 50 челични завртки.
Максимално зголемете го вашето време во возење со интелигентна рекуперација на енергија. Со рачките за менување што се на управувачот, нагодувате како вашиот автомобил ја прима и повторно ја користи енергијата при возењето. Таа може паметно да се приспособи на сообраќајот, брзинските ограничувања, и повеќе од тоа, за да обезбеди пријатно и ефикасно патување.
Доживејте го напредниот инженеринг на G-Class. Нејзината прочуена носечка рамка е приспособена за електрично користење, со простор за сместување на батеријата. Оваа иновација во конструкцијата значително го спушта тежиштето на возилото, нудејќи подобрен баланс и помеко возење.
Со 2 целосно интегрирани екрани на допир од 11.6 инчи, вие и вашите патници назад можете исто така да уживате во најдобра забава за време на патувањето. Благодарение на поврзувањето со мултимедијалниот систем MBUX, можете да уживате, на пример, во филмови во брилијантен квалитет на слика или да сурфате на интернет. По желба, можете исто така да пристапите до широк обем од информации во врска со патувањето.[1]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Со 18 звучници и 760 вати моќност на системот, можете да уживате во легендарното доживување на звукот на Burmester®. Можете да го приспособите 3D звукот за предните или за задните седишта, во зависност од вашиот вкус. Вашето возило исто така може да пушта музика со квалитет Dolby Atmos® – за посебно емотивен и освојувачки сараунд звук.[1]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Интеграцијата на паметен телефон[1] безжично го поврзува мобилниот телефон со мултимедијалниот систем MBUX преку Apple CarPlay™ и Android Auto™. Тоа ви овозможува удобен пристап до најважните апликации на вашиот паметен телефон. Можете брзо и лесно да користите и апликации од трета страна, каква што е Спотифај.[2]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Оваа ставка исто така ви е достапна како опција по барање, за да ја активирате подоцна во возилото. Користењето условува прифаќање на применливите Услови за користење на дигитални услуги и условите за користење на Mercedes me ID, спарување на возилото со корисничката сметка на Mercedes me и активирање на ставката по барање. Покрај тоа, активирањето бара возилото да се поврзе за пренос на податоци и возилото да располага со соодветна опрема. Во случај услугата по барање да се активира на одредено време, услугата по барање може да се обнови за одредена сума по истекот на тоа време, преку Mercedes me Store, под услов услугата во тој момент уште да е достапна за возилото за кое станува збор. Првичното активирање на услугата по барање е можно во рок од 1 година по првичното регистрирање или вклучување од страна на корисникот, во зависност од тоа што ќе биде прво.
Благодарение на интелигентното поврзување на камерата и податоците од мапите, Асистентот за сообраќајни знаци не само што може да ги прочита највисоката дозволена брзина, забрана за престигнување и нивниот престанок, туку исто така покажува забрана за влез и ве предупредува ако погрешно се приклучите на пат во спротивна насока од сообраќајот.[1][2]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во Прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Системот може да помогне да се избегне судир со возила што се движат напред или со возила што мируваат, со сообраќај отспротива кога скршнувате, како и со пешаци и велосипедисти. Покрај предупредување за растојание и за судир, системот главно нуди помош при сопирање што е соодветна за ситуацијата, вклучувајќи и итно запирање по потреба.[1][2]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во Прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Доколку ненамерно поминете испрекината или полна линија, системот може да ве предупреди предизвикувајќи вибрации на управувачот. При полна линија, или доколку се препознае дека лентата од другата страна на испрекината линија не е слободна, системот за асистенција може да преземе и дополнителен зафат сопирајќи една страна на возилото.[1][2]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
[2]Нашите системи за помош при возењето и за безбедност не се целосна помош и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме, прочитајте ги информациите во Прирачникот за ракување и ограничувањата на системот што се опишани таму.
Наместете го вашето седење оптимално, со можностите за целосно електрично местење, Благодарение на ENERGIZING Пакет плус, можете исто така да уживате во активирачки или релаксирачки масажи. Доколку патувате во спортски стил или по терен, динамичните образи отстрана ви нудат најдобра можна странична поддршка. Проширената функција PRE-SAFE® исто така ја подобрува безбедноста.[1]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Три климатски зони овозможуваат индивидуална клима за пријатно чувство во кабината. Возачот и патникот напред можат да ги одредат температурата и распределбата на воздухот според своите лични барања. Третата климатска зона е назад – со посебно местење на температурата и правецот на воздух.[1]
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
KEYLESS-GO[1] става крај на барањето на клучот од возилото. Вашиот клуч ќе биде препознаен кога го носите со себе додека сте блиску или во вашето возило: сите врати – вклучувајќи ја задната врата – може да се отворат и да се заклучат едноставно со допирање на рачката на вратата.
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Отклучете ја вашата G-Class без потреба да го барате клучот по џебовите. Уживајте во совршена температура на пијалаците додека патувате. Полнете го вашиот преносен уред безжично или отворете ја вратата на вашата гаража, без да излегувате од автомобилот: Комфорниот пакет[1] го заслужува своето име.
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
Пакетот за топлински комфор[1] за миг загрева дополнителни ставки во внатрешноста – седиштата, потпирачите за раце или средишната конзола и вратите, како и панелите во средината на вратите, исто така може да се загреат.
[1[Опрема што се избира по желба во зависност од конфигурацијата.
GUARD 360° Заштита на возилото плус овозможува надгледување на средината околу возилото од сите страни. Благодарение на алармниот систем против кражба, како и на деактивирањето во итен случај*, можете да реагирате брзо. На пат, детекцијата за судир* ве известува преку апликацијата. Услугата на асистенција против кражба на возило* исто така ја зголемува шансата вашиот имот да се врати доколку вашето возило биде украдено.[1]
[1]Компонентите обележани со * се услуги на Mercedes me. За користење на овие услуги се потребни личен Mercedes me ID и согласност со условите за користење на услугите на Mercedes me connect. Самото возило исто така мора да биде поврзано со соодветна корисничка сметка. По истекот на едногодишниот почетен период, услугите може да се обноват за одреден износ, под услов тие во моментот сè уште да се во понуда за соодветното возило. Првичното активирање на услугите е можно во рок од 1 година по првичното регистрирање или вклучување од корисникот, во зависност од тоа што ќе биде прво.