- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Силуета – легендарна уште од првата генерација.
Со карактеристичниот стил на AMG Line, избирате целосно спортски дизајн со впечатлива динамика. Особено вреди да се забележи предната маска специфична за AMG. Интеракцијата помеѓу карактеристиките додава ново ниво на сеопфатен израз. Спуштената суспензија дополнително го нагласува ова.
За ваш совршен видик: приспособливите MULTIBEAM LED предни светла користат LED-диоди со индивидуално контролирање за да реагираат на дадената сообраќајна ситуација. Делумното долго светло ги блокира другите учесници во сообраќајот без да ги заслепува. Кога патот е чист, предните светла СО УЛТРА ДОМЕТ го зголемуваат дометот за 150 метри. Функциите за свијоци и активно светло исто така оптимално го осветлуваат видното поле.
Со Night пакет, спортскиот надворешен изглед изгледа уште поекспресивен. Многубројни елементи се задржани во црна или во високо сјајна црна боја. Во зависност од финишот на бојата, ова создава контрасти или глатки транзиции. Што и да одберете, тоа е секогаш јасен плус за вашата индивидуалност.
Врвната ексклузивност од фабриката го претвора вашето возило во предмет на восхит на прв поглед. Специјални финиши на бои се избраните Mercedes-Benz финиши на бои, кои се нанесуваат преку софистициран специјален процес со висок степен на изработка.
MANUFAKTUR е опсегот на индивидуализација за ексклузивни финиши на бои и висококвалитетни внатрешни акценти. Избраните материјали и вештата изработка го усовршуваат дизајнот на вашиот Mercedes-Benz и обезбедуваат навистина посебно искуство. Добивате автомобил со посебна вредност – произведен за да ги задоволи вашите желби и барања.
Внатрешност
Експресивност до срж.
Инспиративниот дизајн се среќава со целосно дигитален приказ со флексибилни опции за презентација: Пилотската кабина со широк екран овозможува вистинско доживување на информациите. Посакуваната содржина може да се позиционира индивидуално, а мноштвото функции да се контролираат интуитивно благодарение на технологијата на допир.
Покажете ја внатрешноста според вашите лични преференции или моментално расположение. 64-те бои од амбиенталното осветлување создаваат возбудливи шеми на бои, кои можат динамично да се менуваат или да осветлуваат неколку области во различни бои.
Пакетот AIR-BALANCE обезбедува индивидуален мирис во внатрешноста – во согласност со вашите лични преференции и расположение. Благодарение на освежувачката јонизација и филтрирање на надворешниот и на внатрешниот воздух, помага и да се обезбеди подобрен квалитет на воздухот и поголемо чувство на благосостојба.
Ултимативна удобност за сите сетила: пакет кој ја спојува премиум опремата со иновативната интелигенција. Со најмногу осум програми за удобност и ексклузивни опции, какви што се седиштата со приспособување и со масажа.
Звук на исто ниво со оној на луксузните домашни музички системи. Звучниците во облогата на покривот создаваат тродимензионален звук. Тие диригираат со системот како со ваш личен оркестар – со ВИП-поставките за индивидуални седишта или избор на претходно поставени стилови какви што се „Live“ или „Easy Listening“.
Технологија
Тргнете на пат кон целосно автоматизирано возење: најсовремените системи ве поддржуваат според ситуацијата со приспособување на брзината, управувањето и кога постои ризик од судир. Ризикот од несреќа е намален – патниците и учесниците во сообраќајот се ефикасно заштитени. На овој начин можете безбедно да стигнете до вашата дестинација и да се чувствувате опуштено.
Уживајте во удобноста на управување без контакт: овој иновативен систем ги детектира и ги интерпретира движењата на вашите дланки и раце. Ова значи дека можете да ги активирате избраните функции за неколку секунди. Системот може да прави разлика помеѓу возачот и совозачот – така што ќе дојдете токму до менијата што сакате да ги користите.
Оптимална услуга за паркирање од внатрешноста на возилото. Активниот асистент за паркирање со камера од 360° ви го олеснува наоѓањето паркинг-место и маневрирањето во и надвор од паркинг-местата. Изборот е ваш: можете сами да го паркирате автомобилот со сигурноста на сеопфатниот видик или да избегнете каков било стрес и да се паркира за вас.
Изгледите за спортско уживање во возењето и супериорното возачко искуство се добри: приказот во висина на главата на возачот го трансформира вашето ветробранско стакло во возбудлива дигитална пилотска кабина. Ова значи дека секогаш имате директен поглед на клучните информации. Вашето целосно внимание останува на патот и на сообраќајните услови пред вас.
MERCEDES-AMG
Mercedes-AMG CLS 53 4MATIC+ Coupé е познат по легендарниот дизајн и супериорните напредни перформанси.
Доминација. Брз поглед и кажува сè. Динамично наведнатиот нанапред преден дел, решетката на ладилникот специфична за AMG со вертикални потпори и AMG предната маска со препознатливите доводи за воздух, врамени со впечатливите LED предни светла со високи перформанси со непогрешлив потпис.
Дводелните задни светла, со задни тркала поместени нанадвор и повлечени Ц-столбови, елегантно го зајакнуваат визуелниот ефект на ширината. Спортската компонента е нагласена со спојлерот на капакот на багажникот обоен во бојата на возилото и AMG издувниот систем во изгледот на облогата на издувниот систем со 4 цевки.
Страничниот дизајн се карактеризира со сензуална чистота. Високиот раб и ниските странични прозорци без рамка работат неодоливо заедно со динамично наведната линија на покривот и на широките тркала. Со црните акценти на AMG Night пакет, тој станува комплетно уметничко дело.
Специјално акустично искуство е овозможено со AMG Performance издувниот систем по избор. Променливо приспособливите клапи за издувните гасови ви даваат можност да го менувате звукот со притискање копче. Во зависност од програмата за возење, карактеристиките на звукот се менуваат од ненаметлива удобност до максимална емотивна привлечност.
Со AMG Night пакет, избраните надворешни елементи се обложени во црна боја со висок сјај. Во зависност од избраната боја, ова резултира со смели контрасти или течни транзиции. Возбудливи допири или самоуверен израз: во двата случаи покажувате дека го цените индивидуалниот динамичен дизајн.
Достапен е тапацир од AMG напа кожа во црна боја со црвени шевови, макијато или бенгалска црвена кожа, што јасно ја нагласува луксузната атмосфера ориентирана кон перформансите во внатрешноста на Mercedes-AMG CLS 53 4MATIC+ Coupé.
Достапен е тапацир од AMG напа кожа во црна боја со црвени шевови, макијато или бенгалска црвена кожа, што јасно ја нагласува луксузната атмосфера ориентирана кон перформансите во внатрешноста на Mercedes-AMG CLS 53 4MATIC+ Coupé.
Користејќи ја стандардната подлога за допир, можете да ракувате со екранот на инфозабавниот систем како со паметен телефон. Подлогата за допир го препознава вашиот ракопис, доколку сакате да внесете адреси или телефонски броеви.
Интегрираниот стартер генератор ја зголемува и ја обновува енергијата, додека вградениот електричен систем од 48 V ги снабдува потрошувачите на енергија, а дополнителниот компресор обезбедува вртежен момент од брзината на празен од. Сето ова овозможува непречено функционирање на шесте цилиндри распоредени во линија.