- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Надворешност
Прогресивниот спортски изглед се протега во форма на линија од впечатливиот преден дел со широко лице како „нос од ајкула“ и мускулести куполи, се до моќниот заден дел. Други карактеристики вклучуваат интелигентни ДИГИТАЛНИ СВЕТЛА[2] и врати без рамка. Спортскиот изглед е заокружен со широк избор на совршено усогласени тркала од лесна легура во големини од 45,7 cm (18") до 50,8 cm (20").
[2] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Совршената рамнотежа помеѓу моќното присуство и класичната елеганција фасцинира уште од самиот почеток. Спортскиот „нос од ајкула“ прогресивно се навалува нанапред, придружен со ниско позиционирана облога на ладилникот со контура во А-облик и тридимензионална хромирана Mercedes-Benz шема.
Осветлување приспособено на ситуацијата на возење за релаксирано и безбедно возење: ДИГИТАЛНИТЕ СВЕТЛА[3] постојано го приспособуваат осветлувањето на патот за вас според условите на осветлување, ситуацијата во сообраќајот, текот на патот и времето. HD-системот работи како проектор и точно го пресметува осветлувањето до последниот пиксел.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Моќните форми се среќаваат со брилијантни детали – мускулестиот нов дизајн на задниот дел сјае совршено формиран со модерни дводелни задни светла што поврзуваат црна сјајна облога.
Експресивниот преден дел одушевува со моќните куполи на хаубата, создавајќи спортска и карактерна целокупна слика.
Комбинацијата на висока појасна линија, врати без рамка и ниски странични прозорци го нагласува спортскиот карактер на купето на примамлив начин. Естетските детали какви што се висококвалитетните декоративни хромирани лајсни и надворешните ретровизори на држачи, совршено ја заокружуваат целокупната слика.
Остава динамичен впечаток: мускулестиот дизајн на крилата го нагласува спортскиот изглед од страна типичен за купе, кој може дополнително да се индивидуализира со ексклузивен избор на стандардни тркала од лесна легура од 45,7 cm (18") до 50,8 cm (20")[3].
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Внатрешност
Во внатрешноста, спортскиот изглед се среќава со удобноста. Опуштете се на седиштата со приспособување и со масажа во 7 зони[2] или уживајте во првокласните перформанси на системот за озвучување Burmester® 3D[2]. Доживејте револуција во пилотската кабина, со најновата генерација на MBUX. Новиот дизајн на контролната табла, стандардната AVANTGARDE-линија или AMG-линија[2] и амбиенталното осветлување[2] ја заокружуваат целокупната слика.
[2] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Прогресивен, спортски и интуитивен. Со дигиталниот возачки приказ од 31,2 cm (12,3") и различни стилови на приказ, можете сами да одлучите кои информации се важни. Со контрола на фин допир, централниот приказ со висока резолуција од 30,2 cm (11,9 инчи) навален на 6° е многу импресивен.
Декоративните елементи му даваат на вашиот ентериер индивидуален изглед. Тие се спојуваат хармонично, а истовремено создаваат драматични контрасти. Ова го зајакнува и го нагласува внатрешниот дизајн. [3]
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Новата генерација на инфо-забава MBUX[3] нуди многу нови функции и услуги, како и можности за интеракција помеѓу вас и вашето CLE Coupé. Сите прикази (приказ за патници на барање) формираат интегрирано естетско искуство и може да се персонализираат со стилови на приказ, режими и теми во боја.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Искусете повеќе перформанси и ексклузивност преку легендарниот Burmester® звук. Звучниците интегрирани во седиштата создаваат првокласен звук во просторот и обезбедуваат ново, интензивно слушачко искуство.[3]
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Седиштата со приспособување и со масажа[3] комбинираат мноштво опции за приспособување со ексклузивни додатоци за да се чувствувате добро. Ергономските детали овозможуваат совршена положба за седење: страничните перничиња на надувување обезбедуваат силна странична потпора. Пријатните функции за масажа[3] со шест различни програми го трансформираат секое возење во уживање.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Опрема
Индивидуалната климатска удобност на предните седишта ја нуди системот за автоматска контрола на климата THERMATIC со 2 климатски зони: возачот и совозачот можат да ја постават температурата посебно за нивната страна. Тие се одржуваат на константно ниво благодарение на автоматската контрола на климата и сензорскиот систем со голема реакција – целосно без потреба од рачно приспособување.
Со Меморискиот пакет можете да зачувате и удобно да изберете до три различни позиции на седиштата. Дополнително, се зачувуваат позициите на upravuva;ot, на надворешните ретровизори и опционалниот приказ во висина на главата на возачот. Ако сте креирале кориснички профил, мора да го активирате на централниот приказ за да ги повикате вашите лични поставки.
Удобност за сите сетила: овој пакет спојува разновидна премиум опрема со иновативна интелигенција. Вашиот Mercedes може да ви даде енергија и да ве разгали на конкретни начини. Со седум разновидни програми за удобност и атрактивни опции какви што се седиштата со приспособување и со масажа.[3]
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Пакетот аларми за заштита на возилото[3] обезбедува целосен надзор на околината на возилото – на пример, со проширениот алармен систем против кражба и заштита од влечење. Движењата во внатрешноста предизвикуваат визуелни и аудио предупредувања. Функцијата за детекција на судир на Mercedes me ве известува преку апликацијата.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Централно воздушно перниче е вградено во внатрешноста на возачкото седиште. Во случај на силен страничен удар, може заштитно да се отвори помеѓу возачот и совозачот и на тој начин да го намали ризикот од повреда.
PRE-SAFE® Заштитата при страничен судир[3]може да ги подготви патниците за страничен судир и да го намали ризикот од повреда. Како телохранител, го турка возачот или совозачот подалеку од опасната зона кон внатре.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Најдобри изгледи за спортско уживање во возењето и супериорно искуство во возењето: приказот во висина на главата на возачот го трансформира вашето ветробранско стакло во возбудлива дигитална пилотска кабина. Ова значи дека секогаш ги имате клучните информации директно во вашето видно поле.
Уште од самиот почеток, вашиот Mercedes-Benz има да понуди повеќе отколку што можете да замислите. Во зависност од моделот на вашето возило, специјалната опрема што сте ја одбрале, годината на производство и земјата, многу дигитални опции за далечинско управување, навигација, полнење, пакет аларми за заштита на возилото и забава се веќе вклучени за период од 36 месеци од датумот за купување на новото возило[4]. Доколку сакате да продолжите да ги користите предностите на дигиталните опции по првичниот рок, можете да ги обновите со само неколку кликови во Mercedes me Store.
[4]За да ги користите услугите на Mercedes me connect, мора да креирате Mercedes me ID и да се согласите со Условите за користење на Mercedes me connect услугите. Прикажаните услуги и нивната достапност и функционалности зависат, особено, од моделот на возилото, годината на производство, избраната опционална опрема и од земјата.
За да ви овозможи да го пронајдете вашиот пат во сложени ситуации на возење, MBUX навигација со зголемен реален приказ[3] го комбинира виртуелниот свет со реалниот. Технологијата ги спојува графичките упатства за навигација и информациите за сообраќајот во „живи“ слики.[3]
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Интеграцијата на паметен телефон го поврзува мобилниот телефон со мултимедијалниот систем безжично преку Apple CarPlay™ или Android Auto™. Ова ви овозможува лесен пристап до најважните апликации на вашиот паметен телефон. Можете, исто така, да користите апликации од трети снабдувачи како Spotify брзо и лесно.
Камерата на инструмент таблата[3] снима што се случува на патот пред вашето возило и го зачувува – истовремено снимајќи го времето и брзината. Ова може да ви помогне да го документирате редоследот на настаните во несреќа, на пример, и да ви обезбеди докази за поддршка доколку е потребно. Можете, исто така, да зачувате пејзажи и рути што вреди да се видат и да креирате сопствен дневник за автомобилски патувања.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Ексклузивна услуга за паркирање со сеопфатна видливост: Активниот асистент за паркирање со PARKTRONIC и камера од 360°[3] ги детектира достапните и означените места за паркирање додека им се приближувате. Откако ќе изберете место за паркирање, можете да паркирате самоуверено благодарение на динамичната визуализација и акустичните повратни информации – или да го оставите возилото да маневрира во просторот со користење асистирано паркирање.[2]
[2]Нашите системи за помош при возење и безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Активниот асистент за држење на коловозна лента[3] е внимателен набљудувач: ако ненамерно ја напуштите лентата или опасно се приближите до другите учесници во сообраќајот, системот може да ве врати во вашата коловозна лента со помош на интервенција на управувачот. Доколку сепак ја напуштите лентата, ќе следува дополнително предупредување во вид вибрации на управувачот.[2]
[2] Нашите системи за помош при возење и безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Овој систем за помош ги контролира брзината и растојанието, меѓу другото. Исто така, ја приспособува брзината на возилото на ограничувањето на брзината и на рутата на очекуван начин и го презема напорот при возење во сообраќаен метеж. Интелигентните функции можат да ве ослободат од напор и да имаат позитивен ефект врз електричниот опсег.[2][3]
[2] Нашите системи за помош при возење и безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Може да ве однесе до вашата дестинација со помалку стрес: благодарение на модерната интелигентна мрежа на сензорски системи, можете да уживате во многуте придобивки од делумно автоматизираното возење. Многубројни системи за асистенција ве поддржуваат како што бара ситуацијата, предупредувајќи ве доколку постои ризик од судир и интервенирајќи доколку е потребно – во корист на сите учесници во сообраќајот.[2][3]
[2] Нашите системи за помош при возење и безбедност се само помагала и не ве ослободуваат од вашата одговорност како возач. Ве молиме имајте ги предвид информациите во упатството за сопственикот и системските ограничувања опишани таму.
[3] Опционална опрема во зависност од конфигурацијата.
Индивидуален комфор совршено приспособен на вас: за првпат, следејќи ги информациите од возачот, CLE Coupé го зачувува вашиот модел на однесување специфичен за возачот врз основа на вашите преференции за забава и удобност. Од температурата до функцијата за масажа на седиштата, сè може да се оптимизира и автоматски да се приспособи за да ви одговара лично вам.
KEYLESS-GO става крај на иритирачките барања на клучот од возилото. Вашиот клуч ќе биде препознаен кога ќе го имате во вас додека сте блиску до или внатре во вашето возило: сите врати потоа може да се отворат и да се заклучат едноставно со допирање на рачката на вратата.