- Модели
- Брендови
- Промотивни понуди
- Сервис
X
Daimler AG го цени вашиот интерес за неговите производи и вашата посета на оваа веб-страница. Вашата приватност нам ни е важна и сакаме да се чувствувате комфорно посетувајќи ја нашата страница. Заштитата на вашата приватност во процесирањето на вашите лични податоци е важна грижа за која ние посветуваме посебно внимание за време на овој процес на работа. Личните податоци собрани за време на посетите на нашата веб-страница, кај нас се обработуваат во согласност со правните прописи важечки за државата во која веб-страницата се одржува. Како дополнување, нашата полиса за заштита е во согласност со кодот за заштита на податоците на важечката компанија за Daimler AG (може преку линк да овозможите пристап до Daimler Data Protection Policy). Веб-страницата на Daimler AG може да содржи линкови за веб-страници што не се покриени со оваа изјава за приватност.
Собирање и процесирање лични податоци
Кога го посетувате нашиот веб сајт, серверот автоматски ги снима вашата ИП адреса, веб страната од која не посетувате, веб страната која всушност ја посетувате и датумот и должината на посетата. Личните податоци се меморираат ако се одобри од ваша страна, на пример во смисол на регистрација, истражување, натпревар или извршување на договор.
a. Кога ја посетувате нашата веб-страница, складираме одредени информации за пребарувачот и за оперативниот систем што го користите, датумот и времето на вашата посета, статусот на пристап (на пример, дали сте можеле да пристапите на страницата или сте примиле порака за грешка), користењето на функциите на вебсајтот, условите за пребарување што можеби сте ги внеле, фреквенцијата со која пристапувате на одредени веб-страници, означувањето на пристапените датотеки, количината на пренесените податоци, веб-страницата од која сте пристапиле на нашите веб-страници и веб-страниците што ги посетувате од нашата веб-страница, било со кликнување на линковите или на нашите веб-страници или со внесување домен директно во полето за внес во истиот таб (или истиот прозорец) на вашиот пребарувач во кој ја отворивте нашата веб-страница. Исто така, ги чуваме вашата IP-адреса и името на вашиот интернет-провајдер седум дена од безбедносни причини, особено за заштита и откривање напади на вашите веб-страници или обиди за измама.
b. Други лични податоци чуваме само ако вие ни ги обезбедите таквите податоци, на пример како дел од регистрација, образец за контакт, анкета, ценовна конкуренција или за извршување договор, а дури и во овие случаи само доколку тоа ни е дозволено врз основа на согласност дадена од ваша страна или во согласност со важечките правни одредби (дополнителни информации за ова можат да се најдат подолу во точката „Правна основа за обработка“).
c. Не сте законски или договорно обврзани да ги ставите на располагање вашите лични податоци. Меѓутоа, можно е одредени функции на нашите веб-страници да зависат од расположливоста на лични податоци. Доколку не сакате да ги ставите на располагање личните податоци во овие случаи, тоа може да доведе до тоа функциите да не се достапни или се достапни само до одреден степен.
Употребата и разоткривањето на личните податоци и целната спецификација
Daimler AG ќе ги искористи вашите лични податоци исклучиво заради техничката администрација на веб-стрницата, администрација на клиентите, истражување за производот и маркетинг, само во опсегот неопходен во секој случај посебно. Ние само ќе ги откриеме вашите податоци на владиниот сектор, во случај тоа да се побара според законот. Нашите вработени, агенциите и продавачите се обврзани кон нас да ја почитуваат доверливоста.
Слобода на избор
Би сакале да ги искористиме вашите податоци за да ве информираме за нашите производи и сервиси и каде можете да го искажете вашето мислење. Се разбира, вашето учество е целосно волонтерско. Во случај да не се согласувате, можете да нè информирате така што ние ќе ги блокираме вашите податоци. За понатамошни информации, ве молиме обратете се на веб-страницата.
Cookies
Daimler AG користи „Cookies“ („колачиња“) за да ги снима преференциите на посетителите и оттаму да може да го оптимизира дизајнот на веб-страницата.
„Колачињата“ се мали фајлови што се меморираат на вашиот хард-диск. Тие ја олеснуваат навигацијата, како и користењето на веб-страницата. „Колачињата“ исто така помагаат да се идентификува најпопуларниот дел од нашата веб-страница. Ова овозможува да се обезбеди содржината што повеќе им одговара на вашите потреби и така да се подобрат нашите услуги. „Колачињата“ може да одредат дали имало контакт помеѓу нас и вашиот компјутер во минатото. Само „колачињата“ од вашиот компјутер може да се идентификуваат. Личните податоци можат да се зачуваат во „Cookies“ обезбедувајќи дека сте нè посетувале: на пример, кога би сакале безбеден влез, нема да мора од почеток да ги внесувате вашите лични податоци и лозинка.
Се разбира, нашата страница можете да ја посетите и без „колачињата“. Многу пребарувачи користат „колачиња“. Вие можете да ги заштитите тие автоматски да не се меморираат на хард-дискот. Детални информации за ова можете да најдете во упатството за работа на нашиот пребарувач. „Колачињата“ можете да ги избришете во кое било време од вашиот компјутер. Како и да е, ако не прифатите „колачиња“, на тој начин одбирате намалена способност за сервисот обезбеден преку нашата веб-страница.
Безбедност
Daimler AG користи технички и организациски мерки за да ги заштити податоците што ги има под своја контрола против несакано или интернационално манипулирање загуба, деструкција и против пристап од неовластени лица. Нашите безбедносни процедури се континуирано активирани како што станува достапна новата технологија.
Правна основа за обработка на податоци
a. Доколку сте ни обезбедиле ваша согласност за обработка на вашите лични податоци, таквата согласност е правна основа за обработка (член 6 став 1 точка а од Општата регулатива за заштита на податоци).
b. За обработката на личните податоци за цели на склучување или исполнување договор со вас, член 6 став 1 точка б од Општата регулатива за заштита на податоци ќе претставува правна основа.
c. Доколку обработката на вашите лични податоци е неопходна за исполнување на нашите законски обврски (на пример, за чување податоци), овластени сме да го сториме тоа во согласност со член 6 став 1 точка в од Општата регулатива за заштита на податоци.
d. Покрај тоа, ние ги обработуваме личните податоци заради заштитување на нашите легитимни интереси и легитимните интереси на трети лица во согласност со член 6 став 1 точка ѓ од Општата регулатива за заштита на податоци. Одржување на функционалноста на нашите IT-системи, пласирање наши производи и услуги и производи и услуги на трети лица како и документирање на бизнис-контактите како што налага законот се такви легитимни интереси.
Слобода на информација
На барање, Daimler AG или негов претставник со писмо без одложување ќе ве информира кои лични податоци според законот се зачувани кај нас. Како регистриран корисник вие исто така ја имате можноста на увид за бришење или за коригирање на вашите лични податоци. Доколку ваквиот податок е неточен, со цел да ги одржите точни и ревидирани податоците, ние ќе ги коригираме за вас откако ќе нè известите за грешката.
Доколку имате прашања во однос на процесирање на вашите податоци, можете да се обратите на нашето одговорно лице за заштита на корпоративни податоци, кое заедно со својот тим, исто така е достапно за барања, предлози или за поплаки.
10. Права на субјектот на кого се однесуваат податоците
a. Како субјект на кого се однесуваат податоците, имате право на пристап (член 15 од ОРЗП), право на исправка (член 16 од ОРЗП), право на бришење (член 17 од ОРЗП), право на ограничување на обработката (член 18 од ОРЗП) и право на преносливост (член 20 од ОРЗП).
b. Доколку сте се согласиле на обработка на вашите лични податоци од наша страна, имате право да ја повлечете вашата согласност во секое време. Законитоста на обработката на вашите лични податоци пред повлекувањето, останува незасегнато. Во иднина, ние смееме да ги обработуваме таквите податоци во согласност со друга применлива правна основа, на пример за исполнување на нашите законски обврски (видете точка „Правна основа за обработка“).
c. Право на приговор
Имате право да поднесете приговор во кое било време на обработката на вашите лични податоци според член 6 став 1 точка д од ОРЗП (обработка на податоци во јавен интерес) или член 6 став 1 точка ѓ (обработка на податоци врз основа на израмнување на интереси) врз основа што е поврзана со вашата конкретна ситуација. Доколку поднесете приговор, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци само ако можеме да докажеме обврзувачки легитимни причини што преовладуваат пред вашите интереси, права и слободи, или за поднесување, извршување или одбрана на правни побарувања.
d. Ве молиме, адресирајте ги вашите барања или изјави до следната адреса за контакт ако е можно:
e. Ако сметате дека обработката на вашите лични податоци врши повреда на законските услови, имате право да поднесете жалба до надлежен надзорен орган за заштита на податоци (член 77 од ОРЗП).
Менаџер за заштита на корпоративни податоци
Dr Joachim Rieß
Daimler AG
HPC 0624
D-70546 Stuttgart
Germany
© Copyright Daimler AG